Prison brake

Човекот кој ја продаде Ајфеловата кула

Најголемите светски измами

Еден од најголемите и “најталентираните” измамници на сите времиња е Виктор Лустиг од Чешка. Своите измами ги правеше на прекуокенските бродови помеѓу Њујорк и Париз, каде се стекна со неговата “репутација”.

Еден од неговите познати измама беше машината за фалсификување која совршено ги копираше банкнотите од 100 долари.

Лустиг ќе ја покажеше машината на своите клиенти и после шест часа машина произведуваше совршени банкноти. Клиентите вообичаено плаќаа и по 30.000 $ за машината, но веќе после третата копија машината “произведуваше“ празни банкноти – Лустиг ставаше три вистински банкноти во машината за да има доволно време да избега.

Лустиг стана познат како “човекот кој ја продаде Ајфеловата кула”.

Кога во 1925 година во Париз се појави еден напис за високите трошоци на одржување на Ајфеловата кула, Лустиг ја осмисли својата најпозната измама.

Тој се претстави како министер во владата и во Париз на состанок повика шест најголеми трговците на железо.

Средбата се одржа во кулата, а Лустиг сите трговци ги донесе во изнајмена лимузина.

Тој објасни дека трошоците за одржување на Ајфеловата кула се премногу високи и дека продажбата на кулата претставува државна тајна. На трговците им даде еден ден да ги донесат своите понуди. Тој го избра Андреа Поисон за своја жртва.

Поисон се сомневаше во целата продажба поради тајноста во која беше направена, така што Лустиг го повика на уште еден состанок, каде што му “призна” дека како министер му требаат пари и му побара поткуп. Поисон му даде пари и за Ајфеловата кула плус и за поткуп! Кога дозна дека бил измамен, засрамениот Поисон не ја пријави измамата во полиција.

Лустиг за еден месец повторно се обиде со истата измама. Пред да успее и по втор пат да ја продаде Ајфеловата кула, го пријавија во полиција, а тој успеа да избега во Америка.

Во САД продолжи со своите измами. Успеа да го измами и мафијашот Ал Капоне за 5.000 $. Беше уапсен 47 пати и секогаш ослободен од притвор. На крајот, во 1934 година беше уапсен во Америка поради фалсификување и умре 13 години подоцна во затвор.

Write A Comment