Prison brake

Чуварите ја ограбија банката! Плен вреден 282 милиони долари!

4. Грабеж на Багдадската банка (12 јули 2007 година – Багдад, Ирак: 282 милиони долари)

Вработените во банка на Dar er Salam останаа во шок едно утро кога дојдоа на работа и забележаа отклучена врата, отворен сеф и ниту трага од парите. Се верува дека тројца чувари украдоа неверојатни 282 милиони долари или повеќе од една четвртина од милијарда долари! Тоа е повеќе пари отколку една цела економија на помала држава. Останува нејасно зошто банката имала толкав износ на пари и износот бил во американска валута. Постојат сомневања дека чуварите имале помош од полицијата за да успеат да ги избегнат контролните пунктови околу Багдад. Сепак би изгледало сомнително доколку се возите во автомобил во кој имате 280 милиони долари во багажникот, нели? Ниту еден од крадците не е уапсен, ниту пак парите некогаш се вратени. Грабежот доби изненадувачки мало медиумско внимание.

Напиши коментар