Един Џеко, фудбалерот на Манчестер Сити, застана во одбрана на неговиот клуб, кој често е критикуван поради трансфер политиката, односно големите суми на пари кои ги вложува во играчите.
Сити денес игра против Баерн Минхен во групната фаза на Лигата на Шампионите, и Џеко во интервју со новинарите изјави дека амбицијата на клубот и големите натпревари се тоа што го привлекло него, и останатите големи играчи, во Манчестер Сити.
„Не е се во парите. Играњето против клубови како Баерн Минхен, кој е еден од најдобрите во светот, тоа е најзначајно за нас. Затоа сите ние доаѓаме во Манчестер Сити,” изјави Џеко.
Тренерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини, може да побара совет од Џеко за натпреварот против Баерн, бидејќи тој има играно многу натпревари против оваа екипа додека настапуваше за Волфсбург.
