Керозин

Ferari California 2012: поголема моќност, помала маса

Во Маранело подготвуваат унапредена верзија на нивниот модел Ferrari California. Мордернизираното купе со тврд подвижен покрив, ќе се појави на пазарот веќе од јануари следната година, а најголемите промени ќе ги има испод хаубата.

V8 агрегат со зафатнина од 4,3 литри, благодарејќи на промената во техничките детали и репрограмиранта електронска централна единица на моторот сега ќе биде помоќен за 30 коњски сили. Унапредениот мотор ќе има 490 коњски сили и максимален обвртен момент од 505 Nm(+20). Автомобилот е исто така “ослабен” за 30 килограми, а од 0 до 100 km/h развива за само 3,85 секунди, што е за 0,15 секунди подобар резултат од претходникот.

Доколку клиентот се одлучи да доплати за системот Handling Speciale, ќе има можност преку напреден електронски систем да ја подесува тврдоста на амортизерите. За промена од најмеко до најтврдо, на системот му се потребни само 8 милисекунди.

 

Напиши коментар