Керозин

Ferrari 340 Competizione

Нов, а  сепак олдтајмер ? Компанијата Gullwing America му одава почит на моделот на Ferari 340 Mexico oд  1952 година-автомобил којшто беше прозведен во 1952 во само 3 примерока и со цел настап на трката Carrera Panamericana  со креирањето на моделот наречен Ferrari 340 Competizione. Овој автомобил е најновата креација на дизајнерите во Gulwing.

Gullwing го темелат својот најнов продукт на основа на Ferrari 456 GT со неговиот 5-5 литарски V12 мотор , којшто има моќност од 476 коњски сили. Во однос на изворниот автомобил од Маринело, 340 Competizione доби посилни кочници и довршено подвозје, додека пак за преносот се грижи 6 брзински рачен мењач.

Како за потсетување Gullwing America е истата компанија која во 2009 ја претстави својата модерна адаптација на класичниот Mercedes 300 SL

Напиши коментар