Новиот Ford Taurus SHO е најспортскиот Taurus кој дефинитивно ќе ја носи значката за посакуваните перформанси. Со уникатниот спој со наградуваниот, економичен со горивото EcoBoost™ мотор, подобрена возна динамика и дизајн инспириран од перформансите, новиот “Бик” ја покажа сериозноста. Невидена комбинација од коњски сили, технологија и економичност го носи реномираниот спортски седан на сосема друго ниво.

“Ford Taurus SHO од секогаш ја следел оригиналната формула, а новиот модел не е исклучок”. Сакавме да го задржиме суптилното, недооценено, но сепак спортско и во исто време знаевме дека е време целосно SHO (Супер Висока Моќност) да го диференцираме од другите модели од Taurus серијата”. ” – изјави Гордон Плато, главниот дизајнер. Купувачите ќе можат да одберат 19-инчни и 20-инчни обоени бандажи, кожен ентериер, уникатен заден спојлер и други додатоци вон стандардната опрема. Напојуван од 3.5 литарскиот V6 мотор со 365 коњски сили, прикачен на шест брински автоматски менувач претставува вистински предизвик.


