Керозин

Honda Skydeck

Honda Skydeck претставува вселенско летало во доменот на моноволуменците. Концептот е дизајниран за шест лица, со панорамски покрив, а сепак изгледа тркачки.

Надополнување на добриот изглед е долгиот нос со истакната решетка нападната од хоризонталните предни светла. На телото има остри линии кои додаваат тензија на долниот дел на формата.

Предните врати на Skydeck се со отворање и затворање во стил на ножички, додека задните се традиционални лизгачки врати. Внатрешноста е најдобро да се опише како високо-технолошка елеганција. Едноставните облици во проток од предниот до задниот дел, додека три реда седишта, со своите тенки потпирачи и отворен, мрежест дизајн, придонесоа за отворено, просторно чувство во кабината. Како додаток на овој ефект е шофершајбната која се протега со панорамски поглед на покривот, овозможувајќи огромна видливост. Карактеристиките на Skydeck овозможуваат модуларен пристап кон седењето, со тоа што вториот ред седишта може да се склопи под предниот со што се добива седење во стил на лимузина. Третиот ред исто така може лесно да се склопи со цел да се зголеми капацитетот на товар на Skydeck.

Под хаубата на концептот Skydeck се наоѓа хибриден мотор кој ја зголемува моќта на возилото и економичноста на горивото.

Напиши коментар