Motherhood

И ова се митови за бракот!

Вчера почнавме да говориме за митовите за бракот. Денес продолжуваме со уште неколку митови и совети како да се „дотурка“ до златна годишнина. Тоа доаѓа пред сè од идеализацијата на бракот, неговата глорификација, наспроти „суровата“ реалност.

 

1.Куќните работи треба да се делат рамномерно

Фер поделбата на обврските дејствува речиси модерно. Особено ако обајцата работите, нема причина жената да се грижи сама за чистењето и готвењето, додека мажот да се „жртвува“ така што еднаш месечно ќе заврти сијалица.

Меѓутоа, рамномерната поделба е сосема непрактична, зашто порано или подоцна ќе почнете да си „мерите“ еден на друг кој колку и што направил, а тоа ќе резултира со кавга.

Можеби постојат задачи кои некој убедливо подобро ги извршува, а поради „распоредот“ што ќе го воведете под паролата за рамноправност да останат недовршени или лошо извршени.

 

Најдобро е да се држите на балансот и поделбата да ја правите според преференциите.

 

2. Децата ќе ве зближат

Тешко е и да се поверува дека е такво нешто можно, особено ако детето сте го сакале обајцата. Вистина е дека тешката работа, авантурата и уживањето во подигањето на деца можат или да ве зближат или да ве разделат.

Ако сте обајцата на иста „родителска“ страна, можно е детето да ве зближи посредно. Затоа трудете се секогаш да дискутирате за вашите родителски цели, стратегиите на воспоставување на дисциплина и за секојдневните грижи кои можат да ја нарушат вашата заедница.

 

3. Ако се карате, ви се ближи развод

Точно е дека ако не успевате да ги решите главните проблеми и постојано доаѓате во судир поради исти работи, вашата врска е можеби на лош пат.

Сепак, отсуството на кавга е можеби подобар индикатор на можен развод, зашто можеби некој од вас нема намера да го спасува бракот и нема волја да ги решава проблемите.

Ако имате недоумици, почнете да разговарате! Правете го тоа на цивилизиран начин и без намера да го повредите партнерот. Направете „правила на карање“ и ќе видите дека понекогаш е многу подобро да имате точки на разидувања во мислењата.

 

4. Родителите на партнерот ви се непријатели

Ако верувате дека ќе се судрите со родителите на партнерот, тоа најверојатно и ќе се случи. Запомнете дека и тие и вие сакате едно лице и врз основа на таа љубов морате да се потрудите да функционирате и да не се сметате едни на други непријатели.

Обидете се да се ставите во нивна позиција и немојте да претпоставувате дека имаат најлоши намери.

 

5. Никогаш нема да сакате повеќе од на денот на венчавката

На навистина убавите венчавки се чувствува среќата на двајца луѓе подготвени да го поделат остатокот од животот. Меѓутоа, вистинската авантура започнува утредента (или барем по „медениот месец“). Постои нешто невино и полно со надеж во самиот чин на венчавањето, но без оглед колку е добро можете мошне брзо да се сретнете со разочарувањето.

Морате да го промените начинот на кој го посматрате вашиот однос, зашто во тој случај секоја наредна годишнина на бракот ќе биде се подобра и подобра.

 

Напиши коментар