Prison brake

Измамите на Дамара Бертгес

Најголемите светски финансиски измами – петти дел

2. Дамара Бертгес

Системот со пирамидите е познат и во Германија – најпозната е пирамидата која што ја измисли Дамара Бертгес. Школувана како хотелиерка во Швајнфурт, самата се именуваше за претседател на “Европскиот кралски клуб “- здружение што претходно не постоеше.

Добронамерните инвеститори во овој клуб во периодот помеѓу 1991 и 1994 година вложија две милијарди марки. “Кралицата” Дамара им вети добра заработувачка од таа инвестиција, бидејќи банките пред 15 години немаа добар рејтинг. Нејзиниот систем кој се состоеше од 80 фиктивни фирми, пропадна во 1994 година.

Write A Comment