Керозин

Јадрански саем Будва – 14-ти саем за автомобили

На 5000 м² изложбен простор, од кои 3600 м² на затворено на Јадранскиот саем во Будва(Црна Гора), беше одржан 14тиот саем за автомобили. Присутни беа 25 изложувачи кои презентираа, автомобили, теренски возила, лесни товарни возила,  мотори, возила за забава и други новитети околу автомобилсската индустрија. Голем број на автомобили од скоро сите најзначајни продизводители, добро попусти и голем број на посетители беа карактеристика на овогодишниот саем. Изгледа попустите привекоа голем број на купци, затоа што сите фирми присутни беа задоволни од продажбата.

Со цена од 221.000 ЕУР , Mercedes CL 63 AMG беше најскапиот автомобил на саемот. Уште една одлика на саемот во Будва беше големиот број на преубави хостеси. Продавачите на Томос изложија скутер со електричен мотор којшто го возеа две згодни хостеси низ салата.

 

Напиши коментар