← НАЗАД НА БОЗА

Јуве го отвори новиот стадион против Нотс Каунти

Јуве го отвори новиот стадион против Нотс Каунти
833 Читања

Вчера, во натпревар против англискиот клуб Ност Каунти, Јувентус го пушти во употреба новиот стадион. Натпреварот заврши со резултат 1-1.

Италијанскиот интернационалец Лука Тони, го постигна првиот гол во Јувентус Арена на почетокот на второто полувреме. Тимот на Мартин Ален, го расипа славјето со голот на Ли Хјуз на 3 минути пред крајот.

Стадионот кој има 40.200 седишта, беше изграден на местото на поранешниот стадион Деле Алпи, во периферијата на Торино, и чинеше околу 120 милиони евра.

Ова е прв модерен фудбалски стадион во Италија. Во него има 84 луксужни ложи, комерцијален центар кој ќе биде отворен следниот месец и два ресторана како дополнување на нормалните барови.

Бидејќи нема атлетски патеки, седиштата се блиску до теренот и клупите на тимовите се во првите редови на трибините како и кај некои англиски стадиони.

Јувентус носел розеви дресови се до 1903, кога клубот ангажирал еден од неговите играчи, Англичанецот Џон Севиџ, да најде дресови со други бои. Севиџ имал пријател во Нотингем кој му пратил црно-бели дресови и кои тимот од Англија сеуште ги носи, и со кои Јувентус ги освои сите 27 титули во италијанското првенство.

Јувентус својот прв официјален меч на новиот стадион (кој сеуште нема име) ќе го игра против Парма во Недела.

Основан во 1862, Нотс Каунти игра во English League One, третата по јачина лига во Англија.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk