Во модната индустрија на венчаниците името на дизајнерката Каролина Херера инспирира почит и восхит. Таа својата компанија ја основала уште во далечната 1980 година, а помеѓу нејзините клиенти била и првата дама на САД, Џеки Кенеди.
Херера досега има добиено многу награди за својата работа, како Наградата за исклучителност од Меѓународниот центар во Њујорк, како и златниот медал за заслуги во областа на уметноста, која и лично и го додели кралот на Шпанија Хуан Карлос.
Покрај својата кариера, Херера се занимава и со хуманитарни цели и помага во борбата против сиромаштијата и гладта во светот.
Херера е избрана и да го дизајнира невестинскиот фустан на Бела Свон, главниот лик во серијалот Самрак, кој своја промоција ќе доживее токму денес, на 18 ноември.
Погледнете ја најновата колекција на венчаници пролет/лето 2012 на оваа креаторка, која стана легенда во светот на свадбената мода:












