Prison brake

Крајот на германската банка Херштат

Најголемите светски финансиски измами – трет дел

4. Херштат банка           

Банката во Келн, Херштат беше мала, но нејзиниот колапс во 1974 година направи голем потрес во финансискиот свет. Неуспехот беше поради големиот број на измени во германските закони и прописи за финансиско работење.

Сето тоа започна во 1971 година, колапсот на Бретон Вудс монетарниот систем и на фиксниот девизен курс. Трговците на девизи се најдоа во нова ситуација – тие можеа со инвестирање на големи износи да реализираат добар профит при најмала промена на девизните курсеви. Овие финансиски операции стана специјалност на банката Херштат.

Особено успешен беше Дани Дател, кој во 1958 година како практикант ја започна својата кариера во оваа банка. Во банката започна еден вид на т.н. златна треска – поголемиот дел од вработените инвестираа парични средства во овој бизнис, во тоа буквално беа вклучени речиси сите – од директорот на портирот.

Во 1973 година, банката располагаше со 24 милијарди марки – стекнати од девизното тргување. Но, во 1974 година зачестија грешките во бизнисот кои доведоа до огромни загуби и финансиската супервизија нареди затварање на банката Херштат.

Write A Comment