Керозин

Култната AC COBRA

Shelby. Ова име веднаш буди слики од автомобили со високи перформанси и беспрекорни тркачки машини.  Еднен од моделите кои му донесе слава на овој автомобилски дизајнер беше  познатата Cobra. Cobra-та беше брза,агилна- едноставно ракета на тркала. Такво нешто и имал на ум Shelby кога ја дизајнирал оваа спојка од Европски дизајн и Америчка моќност.

Овој автомобил се произведувал од 1963-1968 и стана култен автомобил, што може да се види од тоа дека во денешно време се изработуваат реплики на Cobra-та

Cobra-та има V8 мотор со 275 коњски сили, и развива од 0-100 за 5,2 секунди, додека пак максималната брзина што ја развива е 220 km/h.

Напиши коментар