← НАЗАД НА БОЗА

Купување на Католичката црква од страна на Микрософт

Купување на Католичката црква од страна на Микрософт
1006 Читања

Во 1994 година на интернет (кој тогаш беше во развој), започна да циркулира информација за тоа како Микрософт ја купи Католичката црква. Соопштението наводно го дал Бил Гејтс, и во истото беше наведено дека религијата е растечки пазар која “во комбинација со Микрософт ќе обезбеди поширок круг на луѓе, повеќе забава и повисок степен на учење”. Според условите на договорот, Микрософт ќе ги добие ексклузивните права за електронската верзија на Библијата и светите тајни која на крај ќе биде објавена на интернет.

Веста толку брзо се прошири, што Микрософт мораше на 16 декември 1994 година да издаде официјално известување во која беше наведено дека сите информации за купување на Католичката црква се лажни и неточни. Ова е првата интернет измама која достигна огоромно масовно внимание, а авторите останаа непознати.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk