Ова не е тјунинг на којшто сме навикната. Повеќето тјунинг компании се обидуваат да на спортски модели им дадат повеќе моќност или да ја подобрат нивната практична страна. Скијачот Џон Олсон уште одамна одлучил да го модифицира моделот на Lamborghini Murcielago LP670, како би можел да се движи по падините со него.
Џон Олсон го сакал новиот модел Lamborghini Aventador и затоа го продал својот стар модел. Проблем било тоа што времето за чекање на испорака на овиот Авентадор не било малце, па затоа Олсон одлучил својата креативност да ја насочи на добро познатиот модел Gallardo LP560.

За да би можел во супер-спортскиот модел да смести скии, морал да инсталира кровен багажник, кој е специјално развиен за возење при високи брзини, конкретно до брзини од 255 km/h. После тоа автомобилот е пратен кај познатите тјунери, компанијата DMC, за да добие модифициран дизајн. Овој ЛАМБО е подготвен за зимската сезона.

