Prison brake

Лажниот џин кој предизвика големо восхитување

10те најголеми светски измами

2. Џин од Кардиф

Џорџ Хал ја осмислил најголема измама во американската историја: џинот Кардиф. Ангажирал каменорезец кој од гипс направи фигура висока три метри, а потоа ја закопа на фармата на неговиот братучед во Кардиф, Њујорк. Една година подоцна, тој повика неколку луѓе кои требаше да копаат на фармата. Веднаш откога ја пронајдоа скаменетата човечка џиновска фигура, веста предизвика сензација кај јавноста.

Хал подигна шатор на тоа место и наплаќаше карта по цена од 50 центи за сите оние кои сакаа да го видат ова чудо. Иако повеќето научници објавија дека џинот е лажен, луѓето продолжија да доаѓаат и да се восхитуваат на откритието. П.Т. Барнам се обиде да ја изнајми џиновската фигура во циркусот, но кога Хал го одби тој направи копија и ја прогласи за оригинал. Сопственикот на џинот од Кардиф го тужеше Барнам, но за време на судењето излезе на виделина дека и двата џина се фалсификати. Хал конечно во 1870 година призна дека станува збор за измама.

Write A Comment