← НАЗАД НА БОЗА

Lotus со нов V8 и градски автомобил

Lotus со нов V8 и градски автомобил
954 Читања

Британскиот производител на автомобили Lotus потврди дека ќе гради свој V8 мотор за неговата нова линија на супер-автомобили. Но, од друга страна пак, исто така потврди и дека нов градски автомобил ќе стапи во продажба во Велика Британија во 2014 година.

Новиот мотор ќе биде 4.8 литарски V8, дизајниран и изграден во Хетел, Норфолк. Ќе тежи околу 170 кг, што е за 80 кг полесен од моторот на Lexus IS-F, кој инаку бил планиран за употреба од страна на Lotus.

V8 моторот на Lexus ќе развива 570 коњски сили, до 9000 вртежи во минута. Оваа фигура ќе порасне до 620 коњски сили во побрзите R верзии. Моторот ќе стапи во фаза на тестирање на 18-ти август и понатаму ќе се појави, во 2013 година кај моделот Esprit во верзија на купе и кабриолет, потоа кај Elite 2+2 drop-top и Eterne купе со 4 врати. Моторот ќе биде модуларен, со тоа што единица со 4 цилиндри (за следната генерација на Elise) и V6 ќе биде произведен од неговата основа.

Како што напоменавме, Lotus исто така потврди и дека ќе изгради свој концепт на градски автомобил и тој ќе биде базиран на EMAS, од компанијата Proton. Од петте модели на Lotus кои без прикажани на саемот на автомобили во Париз, Elan беше оттргнат, заради големата блискост во перформансите и цената со моделот Esprit. Дени Бахар изјави за Auto Express дека носевите на Elan и Esprit се редизајнирани за да се разликуваат повеќе еден од друг, но сега за сега случајот Elan останува замрзнат.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk