Motherhood

Мајките се подобри во “multitasking”?

Вработените жени поминуваат повеќе од 40 отсто од своето време работејќи две или повеќе работи во исто време, покажаа новите истражувања. Мајките на “multitasking” трошат 48 часа и 20 минути неделно, додека татковците за тоа истото  поминуваат околу 39 часа. Жените тоа го доживуваат како негативно искуство,  па фактот дека мора да извршуваат   различни работи во исто време е и извор на стрес и анксиозност, пишува “Dejli mejl”.

„Полот влијае  на нашата способност да извршуваме разни работи во исто време“, вели доктор Šira Ofer, професор на катедрата за Социологија и антропологија на Bar-Ilan Универзитетот во Израел.

„Резултатите до кои дојдовме ја потврдија старата теза за тоа дека на жените подобро им оди multitaskingот, и дека полесно ќе се справат со повеќе проблеми во исто време, но дека и мажите и жените во колку имаат деца, емотивно поинаку ги доживуваат ситуациите во кои мора да се справат со повеќе проблеми во исто време.

„Вработените мајки работат две или повеќе работи истовремено две петтини време додека се будни, а татковците на multitasking трошат третина од времето додека се будни“, вели Bаrbara Šnajder, социолог од Универзитетот во Мичиген.

Сепак, многу поважен е  податокот како мажите и жените го поднесуваат притисокот кој го прави фактот дека мора да работат разни работи во исто време.

„За мајките тоа е негативно искуство, додека татковците тоа не го доживуваат така трагично“ вели dr Ofer.

„Жените на таквите ситуации реагираат со негативни емоции бидејќи ги доживуваат како исклучително стрестни., а мажите пак ги доживуваат како позитивно искуство, бидејќи од нив не се очекува да бидат толку успешни во извршувањето на домашните работи и грижата околу децата, кога станува збор за правење повеќе работи во исто време.“

„Иако денес и од мажите се очекува рамноправно да учествуваат во семејниот живот, сепак традиционално нивната улога е да го обезбедуваат семејството. Со самото тоа, тие се под помал притисок кога треба да се занимаваат со домашните работи или да ги чуваат децата, бидејќи културолошки тоа е и нивната примарна улога“ вели dr Ofer.

 

Write A Comment