Керозин

MAZDA SHINARI

Со новиот Mazda Shinari концепт, јапонскиот производител на автомобили ја сврте страницата на својата “Nagare” дизајн линија кон нов, динамичен дизајн наречен “Kodo”. Идните производи на Mazda ќе го вклучат силниот карактер и моќни линии и изглед, според Икуо Маеда, шеф на дизајн во Mazda на глобално ниво.

Некои елементи на дизајнот ќе бидат задржани, како што е стилот на предната решетка и истакнатиот преден браник, но Shinari отелотворува нов изглед кој се карактеризира со остри линии со извајани форми на телото за да се пренесе чувство на моќ и елеганција.

Основана на хипотетичка C/D платформа, малку поголема од актуелната Mazda6, Shinari е чиста вежба на дизајн наместо предвесник на производствен модел. Уникатниот стил вклучува и употреба на сатен, метални акцентирања на предната решетка и отвори кај предните светла. Оваа линија се чини дека патува низ лакот на тркалото и повторно се јавува како отвор од страната. Оваа лента е исто така индиректно осветлена кога светлата се вклучени, давајќи му на автомобилот карактеристичен изглед во мракот.

Во прилог на свежите линии на карактерот, нејзиниот целосен облик се карактеризира со истакнат дел од кабината назад. Ова го прави задниот дел да изгледа помоќно, додека долгата хауба и контролната табла даваат чувство на брзина. Дизајнерите имаат намера да го направат изгледот на Shinari како да се движи дури и кога тоа стои во место.

Централната конзола е всушност отворен простор во кој се наоѓаат дополнителни контроли и менувачот. На врвот на конзолата се наоѓа екран со систем за навигација и систем за забава.

Генерално, новата “Kodo дизајн филозофија” изгледа италијански во нејзиното извршување, завземајќи ги страстите и енергијата од егзотичните автомобили.

Напиши коментар