Керозин

McLaren M Eleven B

McLaren M Eleven B концептот е победник на натпреварот за дизајн од McLaren за последната година на студентите од Transport Design на IED (Италијански Институт за Дизајн) во Торино, Италија.

Задачата беше да се создаде дизајн за ” спортски автомобил со 320 km / h плус ” за McLaren и автомобилот да му обезбеди на сопственикот “Формула 1” технологија за обичните патишта и врвна динамика и аеродинамични перформанси.

39-те ученици од IED беа поделени во 14 групи, секоја презентира предложениот McLaren supercar како модел со размер 1:4. McLaren M Eleven B излезе како севкупен победник.

Неговите дизајнери искористија широк спектар на инспирација, од животинскиот свет до авиони и тркачки мотоцикли. Изграден од јаглеродни влакна McLaren M Eleven B ќе биде со странични отвори во “Формула 1 стил”, подна аеродинамика и разменливи панели од телото кои може да бидат менувани со по-напреднати компоненти. Внатрешноста на McLaren M Eleven B концептот е полн со светлина и има одлична прегледност.

Напиши коментар