Prison brake

Најголемата кражба во историјата

1. Централната Банка на Ирак (18 март 2003 – Багдад, Ирак: 1.000.000.000$!)

Некои грабежи бараат внимателно планирање, други само сила. Но, најголемиот грабеж во историјата беше едноставен и ефикасен. Садам Хусеин го третираше Ирак како своја сопственост, па не беше изненадувачки фактот што Централната Банка на Ирак ја сметаше за негова лична банкарска сметка. Еден ден пред да започне бомбардирањето на коалиционите сили во Ирак, Садам му нареди на својот син Кусај да направи трансфер на пари од банката. Кусај го надгледуваше транспортот на парите кои беа само во банкноти од 100$. Операцијата траела повеќе од 5 часа, а вкупниот износ што бил однесен надвор од банката го надминува износот од 1 милијарда долари. Сепак, многу набрзо тој беше уапсен, а неговиот син убиен од страна на американските сили. Вкупно беа пронајдени околу 650 милиони долари во ѕидовите на неговата палата, а остатокот од 350 милиони никогаш не се пронајден и се сметаат за изгубени.

Напиши коментар