Prison brake

Најголемиот грабеж на дијаманти во историјата

7. Грабеж на аеродромот Шипол (25 февруари 2005 – Амстердам, околу 118 милиони долари)

Ова е најголемиот грабеж на дијаманти во историјата. Проценета е на вредност од 118.000.000 $, а најголемиот дел од дијамантите се необработени и поради тоа тешко е да се процени нивната вредност како и да им се влезе во трага. Додека поголемиот дел од грабежите на оваа листа се планирани и вешто реализирани, овој грабеж е “класичен грабеж едноставно со влегување и излегување со пленот“.

Две недели пред кражбата, четири мажи украле КЛМ камион и КЛМ униформи со цел слободно да влезат во ограничената зона на аеродромот. КЛМ е всушност главна холандска авиокомпанија. На 25-ти февруари, крадците влегоа со камионот на аеродромот и веднаш се упатија кон вториот камион што беше натоварен и подготвен за транспорт на дијаманти до Антверпен. Според сведочењата на голем број на присутни на аеродромот, крадците едноставно го извадиле своето оружје, го впериле во возачот на каминот и го украле камионот. Поради фактот што крадците точно знаеа во кој камион беа дијамантите, полицијата се сомневаше дека во кражбата е вмешан некој од администрацијата на аеродромот. Неколку луѓе беа уапсени.

Напиши коментар