Prison brake

Најварварските воени злосторства низ историјата до денес!

Холокауст

Хитлер жестокиот диктатор на нацистичка Германија, кој според проценка убил приближно повеќе од 4 милиони Евреи во Европа и овој масакр е познат како холокаустот во историјата. Омразата на Хитлер спрема Евреите може да се оцени од фактот дека тој се обидел да ги убие Евреите во Европа. Хитлер воведе нови методи за масовно убиство, како гасните комори и логорите на смртта за егзекуција на Евреите.

Садам и хемискиот гас

Тажно беше вечерта на 16 Март, 1988 година, кога Садам Хусеин, ирачкиот диктатор и националистички лидер го започна бомбардирањето со хемиски бомби врз курдскиот град Халабџа. Тој напад беше толку силен што загинаа повеќе од 5000 луѓе и 10.000 беа повредени.

Џингис Хан

Џингис Кан е познат како еден од најголемите освојувачи на сите времиња, кој владеел со огромен дел од централна Азија и Кина, но освен големите освојувања, тој е критикуван за бруталните убиства на невини луѓе. Џингис Кан е роден во 1162 н.е. во близина на Буркхан Калдун планината на денешна Монголија. Тој бил многу суров воен лидер, чија омилена воена тактика била убивањето на противниците, а според проценка неговата војска убила 15 милиони луѓе за време на инвазијата на Централна Азија во текот од пет години и за време на освојувањето на Нишапур  1.747.000 луѓе.

Масакрот во Катин

” Масакрот во Катин”, е едно од најлошите воени злосторства на Црвената армија и ова воено злосторство е против полскиот народ во Втората светска војна. Според извештаите, Руската армија погубила повеќе од 20.000 полски воени затвореници во различни делови на Белорусија и Украина и тоа по наредба на рускиот диктатор Сталин. Руската влада продолжила да го отфрла ова тврдење се до 1990 година, кога Русија јавно признала дека овој масакр бил навистина направен од страна на руската армија.

Кризата во Газа

Од 27 декември, 2008 година до 18 Јануари 2009 година, израелската армија изврши една од најлошите повреди на човековите права на 21-от век. За време на овој три неделен конфликт, израелските сили брутално измачија повеќе од 1400 Палестинци и ранија илјадници. Овој конфликт исто така имаше многу лошо влијание врз инфраструктурата на Газа, односно во текот на оваа војна 80% од владините згради беа уништени и 4000 семејства беа оставени без покрив над главата. На крај, по огромните дипломатски притисоци, Израел најави прекин на огнот на 18-ти јануари, 2009-та година.

1 Коментар

Напиши коментар