Bridal

Не е добро да слабеете пред вашата свадба

Секоја невеста сака да изгледа совршено на најубавиот ден од нејзиниот живот, но познавачите советуваат дека не е добро да се слабее пред свадба. Причината е дека притисокот да се ослабне е едноставно преголем, па многу невести се изгладнуваат и си го оштетуваат здравјето, а по сладбата повторно ги накачуваат килограмите, односно се здебелуваат уште повеќе од порано.

Последните истражувања покажаа дека 85% од жените пред свадба сакаат да ослабнат во просек околу 9 килограми. Но според податоците од истражувањето, иако невестите успеваат да ослабнат, тие по свадбата ги враќаат изгубените килограми, но во просек се здебелуваат од 3-5 килограми повеќе од претходно.

Истражувањето покажа дека невестите се под притисок да ослабнат од нивното семејство, пријателите, списанијата… 30% од невестите рекле дека нивните шивачки отворено им рекле да ослабнат за да изгледаат поубаво во невестинскиот фустан.

„Невестите мора да запамтат дека нивните вереници ги сакаат за тоа што се, а не за тоа како ќе изгледаат во невестински фустан. Секоја невеста е убава на свој начин, без разлика на тоа колку килограми има“, вели др. Иванка Причард, која раководела со истражувањето.

Па невести, доколку не сакате вашата диета да има јо-јо ефект, направете промени во начинот на исхрана и не се обидувајте драстично да ослабнете.

 

Напиши коментар