На јануарскиот саем на автомобили во Токио ќе биде претставен екстремно модифицираниот( како од визуелен, така и од технички аспект) Nissan GT-R.
Како резултат се зголемува шест-цилиндричниот 3.8 литарски агрегат на 1000 KS(735 kW)! До таа огромна моќност, јапонските инженери дојдоа со промена на електрониката и издувниот систем, како и со значајни промени на самиот агрегат, опремен со два турбополначи.
Оваа “порција” на моќност доаѓа и со екстремна надворешност, посилни кочници како и серија други модификации. Изгледот на автомобилот засега можемо да го видиме само од компјутерските илустраци, но реалниот изглед нема да биде далеку од тоа.