Prison brake

Ова се најголемите измами во областа на науката

3. Фарбање на глувче

Генетичарот Вилијам Самерлини “измислил” оригинален начин да ја докаже можноста за трансплантација на ткиво без оглед на генетското несовпаѓање на донаторот и примателот на ткивото. Така што на глувчето со бело крзно му беше “трансплантирано” ткиво од глувче со црно крзно. Но, тоа го изведе многу едноставно, го обои со црн фломастер. Кога неговата измама беше откриена, “Вилијам стана психијатриски случај“.

2. Откритието на Рикшен

Второ место го “освои” Јан Хен Рикшен, кој беше многу близу до добивање на Нобелова награда врз основа на лажните тврдења дека тој има направено револуционерно откритие во областа на суперпроводниците и нанотехнологијата. Потоа се виде дека не може да се примени неговото откритие.

1. Човек од Пилтдаун

Првото место го зазеде “откритието” на черепот на човек од Пилтдаун, поради што светската палеонтологија 40 години беше на погрешен пат во проучување на развојот на праисторискиот човек. Човекот од Пилтдаун беше во првата половина на 20-от век сместен во националното богатство во Велика Британија, а всушност беше фалсификат, направен во лабораторија со хемиски средства – комбинација на череп од модерен човек и вилица од орангутан.

Напиши коментар