Керозин

Packard Grey Wolf

Packard Grey Wolf е еден од најпознатите автомобили на почетокот на тркачката историја. Во 1901 година, браќата Пакард заминале во Европа во потрага по инженер за дизајн на нивниот прв автомобил со четири цилиндри. Чарлс Шмит се согласил да ги придружува доколку му биде дозволено тој да изгради тркачки автомобил за да се демонстрираат перформансите на новиот модел Packard К. Само еден примерок бил изграден, по цена од $ 10.000, а во јануари 1904 година, г-дин Шмит поставил два рекорди во брзина со Grey Wolf на патеката Ормонд Бич, Флорида. Оригиналниот автомобил освоил уште неколку други трки и бил удрен неколку пати. Овој пример е креација на Греј Волф, од оригиналните планови на Packard. Секој дел е направен токму како од пред 100 години. Автомобилот се врати повторно во Ормонд Бич во 2004 година со обид да постави нов рекорд во брзина.

Во текот на раните 1900-ти, излегле тркачите на плажите да го постават својот рекорд, заедно со асортиманот на трки. Daytona Beach била фаворит, со многу важни пресвртници постигнати на мазниот, тежок песок. Packard Motor Company влегла во акцијата со својот специјален Grey Wolf.

Автомобилот влегол во средната категорија со лимит од 1430 кг. Автомобилот бил транспортиран од Охајо до Daytona во кафез, кој за жал во меѓувреме го снемало. Подоцна бил пронајден во сојузната држава Тенеси. Кога пристигнал во Daytona, се приклучил на многуте други интересни типови на возила. Многу од нив биле во форма на куршуми или пури, а некои биле ништо повеќе од беспомошна рамка со мотор сместен во предниот дел. “Сивиот Волк” имал 24 коњски сили, две-брзински пренос, притисната-челична рамка и гуми кои од 34×3.5-инчи. Комплетната тежина изнесувала само 1310 кг.

Напиши коментар