← НАЗАД НА БОЗА

Pagani Zonda R – Чудото од карбон фибер

Pagani Zonda R – Чудото од карбон фибер
1349 Читања

Pagani Zonda R беше лансирана за прв пат на 15-ти јануари 2009-та година, на саемот за автомобили во Виена. Овој модел претставува врвен супер-автомобил и е изграден е врз основа на неговите предходници од Zonda, но го издигнува нивното инженерство на повисоко ниво. Zonda R, сеуште не е планирана за тркање или пак да соодветствува со одредени норми во спортот, па затоа тимот на Хорацио Пагани во Модена Дизајн си ја зема целосната слобода при дизајнирањето на овој модел, но сепак со одржување на високо ниво на безбедноста. Тоа значи дека Zonda R е побрза и поподготвена од било кој од актуелните тркачки автомобили во денешните автомобилски спортови, а тоа не ни можете да претпоставите што значи. Едноставно, Pagani го достигна врвот.

Во 2006-та година беа прикажани првите цртежи, па потоа Mercedes стапи на сцена со понуда на моќниот V12 мотор, односно истиот што го користеше моделот CLK GTR за Le Mans трките. Pagani го престигнува и овој модел со нов всисувачки систем направен од карбон фибер материјал, повеќекратни синхронизирани дискови кај ламела сетот и издувен систем во Формула 1 стил, плус обложен со керамика за оптимална топлотна изолација. Сите овие елементи заедно со внатрешните надградби на AMG нудат 750 коњски сили, односно 559 kW, со максимална моќност на 8000 вртежи во минута.
Pagani тврди дека овој модел е скоро целосно нов, со тоа што позајмува 10% од моделот Zonda F, на кој се базира. Школката, целосно изработена од карбон фибер, 6-брзински секвенцијален менувач, и нов резервоар за гориво со четири пумпи се елементите кои се уникатни за овој супер-автомобил. Шасијата вклучува кафез за заштита при превртување и додава нови заштитни рамки на подвозјето, заедно со нова суспензиска геометрија. Како додаток, фелни изработени од магнезиум со централни осигурувачи кои лесно се менуваат со подигнувачкиот систем на пневматици вграден во автомобилот.

Школката се здоби со екстензивни промени, од кои најприметливо е проширеното растојание од предните до задните тркала, како и проширеното меѓуоскино растојание, што без сомнеж ја зголемува стабилноста и на бесните тркачки патеки како Le Mans. Вградени се нови аеродинамични елементи, како подолга хауба со флапсови, затворено подвозје, адаптибилно задно крило и тркачки заден спојлер. Огромен всисувач за вбризгување на ладен воздух е поставен на покривот.

Во внатрешноста на Zonda R, мајсторството од карбон фибер доаѓа најмногу до израз. Интересен факт е тоа што Pagani порано произведуваше карбон фибер за сите сектори во индустријата. Доколку прецизната поставеност на карбон фибер во внатрешноста не ви го одвлече вниманието, тогаш тоа ќе бидат прегледните инструменти на Digitek кои ќе ви ги овозможат клучните информации, вклучувајќи и софистицирана телеметрија и мерење на сила на гравитација.
Pagani ја прикажа набавната цена за Zonda R, која сега за сега изнесува 1.2 милиони евра, односно 1.5 милиони американски долари. Pagani Zonda R е навистина еден од супер-автомобилите кој ги турка границите на возможното.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk