Керозин

Pierce Arrow Model 41

Врвниот модел на Pierce Arrow за 1931-та година бил моделот 41, поставен на на огромната 147-инчна платформа. LeBaron изградил пет школки за моделот 41, вклучувајќи и кабриолет седан, кабриолет Викторија, купе, лимузина и клуб седан. Моделот 41 се карактеризира со браник со една шипка, подлабоко сместен радијатор, “brightwork” (300 вметнати делови од нерѓосувачки челик) и новиот украс на хаубата. Моторот е импресивен – беспрекорен во работењето, динамички балансиран, тестирани на динамометар, а потоа стереоскопски анализиран за несакана бучава. Почнувајќи од 1931 година, сите менувачи на Pierce Arrow биле подобрени и помогнале и во економичноста на горивото и намалувањето на бучавата.

Напиши коментар