Керозин

Porsche Cajun

Кога Cayenne и Panamera беа воведени, Порше-филите се пожалија и прогласија уништување на нивниот свет бренд. Сега, неколку години подоцна, и двата модели се продаваат исто брзо колку што се произведуваат. Со оглед на тоа, не треба да биде никакво изненадување што Porsche работи на нов мал кросовер – “Cajun”, чие име е всушност контракција на зборовите “Cayenne Junior”.

Cajun e базиран е на шасија слична со Audi Q5 и ќе биде понуден во верзија со 5-врати и можна е и верзија со 3 врати. За разлика од Q5, Cajun ќе се карактеризира со пониска каросерија, поголеми и пошироки тркала и “чист” ентериер, елементи кои го рефлектираат Cayenne. Напојувањето на автомобилот најверојатно ќе биде со 2.0-литарскиот TFSI мотор со 211 коњски сили позајмен од Audi, но појачан до 265 коњски сили. Исто така опција со V-6 мотор најверојатно ќе биде достапна. Претстојна Cajun S верзија можеби? Би сакале да мислиме така.

Напиши коментар