Bridal

Прекрасна колекција вечаници на дизајнерката Рим Акра

Рим Акра е позната дизајнерка која потекнува од Либан, но има меѓународна кариера. Таа е најпозната по своите венчаници, кои се продаваат во луксузни продавници како Сакс Петта Авенија и Ниман Маркус.

Акра студирала дизајн во Париз и Њујорк, двете упоришта на светската мода. Таа е добитник и на многу награди, а се појавила и во многу познати списанија посветени на венчавките.

Венчаниците на Акра се лесно препознатливи, бидејќи таа следи уникатна линија на стил и смисла за убавина. Таа вели дека нејзините венчаници се инспирирани од поезијата и неверојатниот спој на традиционалното и класичното со модерното живеење.

Погледнете ја нејзината најнова колекција за сезоната есен/зима 2012 година, која е елегантна и софистицирана, но со многу модерни примеси.

Напиши коментар