Британската филијала на Тојота минатиот викенд ја претстави новата верзија на моделот GT 86, што беше како совршен момент за Субару да ја претстави својата верзија на овој заеднички проект-спортското купе BRZ.

Како што и беше очекувано, поголемиот дел од технкичките детали се идентични, вклучувајки и 2.0-литарски боксер мотор, шест брзински мануелен и шест брзински аутоматски пренос во понудата, погон на задната осовина, како и низок центар на гравитација.

Агрегатот на GT 86 произведува 197 КС и 205 Nm обртен момент, а како што изјавуваат од Субару, нивниот агрегат ќе има 200 КС и ист обртен момент како на GT 86-ката. Субару вклучија и некои информации кои Тојата не ги објавила, како на пример тежината која ќе биде 1220 кг.
Кога станува збор за самиот дизајн, нема ништо ново, а што не е досега видено на различните верзија на BRZ концептите.
