10–те најголеми светски измами
6. Протоколот на Сионските мудреци
Протоколот на Сионските мудреци претставува еден од најголемите литературен фалсификат во историјата. Откако се појави, пред 100 години континуирано имаше големо влијание. Книгата која околу 1900 година беше фалсификувана од рускиот новинар Матвеј Головински, зборува за тајната група на Евреите позната како Сионски мудреци.

Комбинирајќи ги измислените факти со фактите од други извори, книгата објаснува за еврејската конспирација со намера да постигне глобална доминација преку “перење на мозокот“, преку силата на власта и насилството. Иако во 1938 година беше докажано дека станува збор за измама, книгата и после тоа се користеше како оправдување за анти-семитизмот, најмногу од страна на нацистите, и беше извор на голем број на насилства. Книгата го изгуби целиот кредибилитет во академските кругови, но сепак и понатаму има влијание меѓу читателите, главно на Блискиот Исток.

