Најголемите светски финансиски измами – втор дел
5. Жером Кервиел
Младиот трговец на акции Жером Кервиел, во банката Сосиете Женерал се сметаше за доверлив и компјутерски гениј кој има пристап до доверливи податоци за контролниот систем на банката. Навистина, во еден момент тој го исклучи системот и започна да тргува со финансиски деривати обидувајќи се да заработи 50 милијарди € – без можност да оствари лична корист.
Доколку беше успешно тргувањето, на банката ќе и донесеше огормен профит. Но, на овој начин прокоцка 4,9 милијарди € на банката – пред неговите претпоставени да откријат со што тој се занимава.
