10–те најголемите светски измами
10. Автобиографијата на Хауард Хјуз
Во текот на дваесеттите години на минатиот век, познатиот индустријалец Хауард Хјуз беше еден од најбогатите луѓе во светот. Сепак, откако ментално заболе, целосно изолиран од светот, во педесеттите години целосно се повлече од јавноста. Во 1970 година писателот Клифорд Ирвинг и неговиот пријател одлучија да напишат лажна автобиографија на познатиот авијатичарот и филмски продуцент, претпоставувајќи дека Хјуз нема да има никаква реација, бидејќи биле свесни дека не сака го привлекува вниманието на јавноста.

Поради тоа Ирвинг ги фалсификувал писмата на Хјуз, измислил приказни и интервјуа. Тој стана познат во јавноста кога беше објавена книгата. Се појави во ТВ емисии, зборуваше за својот однос со Хјуз, кој пак на негово големо изненадување организираше прес конференција и изјави дека никогаш се немаат запознаено. Ирвинг и неговиот соработник со кого работеше на книгата поминаа извесно време во затвор поради измамата што ја имаа организирано, која е една од најголемите измами во светската литература.

