← НАЗАД НА БОЗА

Шпиунски фотографии од новиот Голф 7

Шпиунски фотографии од новиот Голф 7
1176 Читања

Според последните информаци информации кои стигаат од Волфсбург, германската компанија е при крај со развојот на седмата генерација на популарниот Голф хечбек.

Ако им веруваме на шпекулациите кои кружат, првиот модел на новата генерација ќе биде спремен да излезе на пазарот на крајот од наредната година.

Вредниот шпиунски фотограф успеал да го ‘фати” камуфлираниот прототип на тестирање а иако за сега многу малку е познато за новиот Голф, изгледа дека добитната комбинација нема премногу да се промени.

Обликот и големината на хечбекот со пет врати се скоро исти како и на шестата генерација на Голф, претставени во 2009, но ако визуелните промени не се многу приметни, сигурно ќе бидат приметни промените испод хаубата. Освен Blue e-motion моделот, којшто имавме прилика да го видиме и кај шестата генерација, се очекува не толку добриот 2.5-литарски петцилиндарски мотор да биде заменет со 1.8-литарски четвороцилиндарски мотор со турбо полнач.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk