Керозин

Специјална верзија на Масерати по повод 150 години од обединувањето на Италија

На овогодинешното издание на саемот во Болоња, одржан на почетокот од месецов, Масерати ја претстави ограничената верзија на GranTurismoS,посветена на 150 годишнината од обединувањето на Италија.

Вкупно 12 возила ќе бидат произведени во рамките на оваа серија, и ќе бидат достапни исклучиво на Италијанскиот пазар.

Моделот доаѓа во екслузивна Себринг мат сина боја, која ги покажува елегантните линии на самиот автомобил, но и го нагласува неговиот спортски изглед. Овие карактеристики се дополнително нагласено со употребата на карбонски елементи на предните спојлери, страничните ретровизори, на бравите на вратите и фаровите.

Дисковите за кочење се направено од алуминиум и со својот изглед се истакнуваат испод 20-инчните фелни.

Во внатрешноста е присутна мешавина од спортски и елегантен изглед, својствена на MC Stradala верзијата. На централната конзола е сместена и плочка со натписот “Centocinguantenario”, што во превод значи 150 годишнина.

 

Write A Comment