Најголемите светски измами
Како да ограбиш банка без оружје
Банките се познати како претпазливи инвеститори кои тешко даваат кредити, но тоа не ги спречи Рејнс Едвард и Џон Руф да измамат десет американски и странски банки и да им земат над 350 милиони долари.
Рејнс работеше во Филип Морис, а една година откако беше отпуштен тој се здружи со Џон Руф, директор на компанијата CCS Technology. Тие во 1993 година го смислиле “Проектот ѕвезда”, наводно таен проект на компанијата Филип Морис чија цел беше да развијат посебни цигари.
Рејнс и Руфо се претставиле како менаџери на Филип Морис и од банката Сигнет подигнале кредит во висина од 25.000.000 $ за купување на компјутери.
Парите беа префрлени на сметка на CCS Technology, но компјутерите никогаш не биле купени. Во следните две години тие земаа заеми во висина од $ 350 милиони евра.Парите ги трошеа за луксузен начин на живеење и ги инвестираа на берзата, каде што загубија 70 милиони долари.
Измама беше откриена од страна на Банката на Јапонија која што стапи во контакт со Филип Морис и дозна дека Рејнс веќе три години не работи за нив. Веднаш после тоа ФБИ ги уапси Рејнс и Руфо.
Рејнс во 1996 година беше осуден на 16 години затвор.
Руфо плати кауција од 10 милиони долари и побегна со 13.000.000 $ во обврзници. Тој беше осуден на 17 и пол години затвор во отсуство. Последен пат беше забележан во 2001 година во Оклахома, каде што се обидел да измами нова банка и да зеде кредит во висина од 250.000.000 $.
