Керозин

Volkswagen BlueSport Roadster

Се чини дека ветениот спортски автомобил од Volkswagen конечно ќе се појави. Ткаен според последниот BlueSport концепт, кабрио-двоседот со централна поставеност на моторот ќе нуди прифатлива забава при возењето со мала потрошувачка и ниски емисии на Co2. Штета што е околу четири години далеку.

Volkswagen зборува за спортски автомобил од соништата уште од 2003-та година, но допрва треба да стане реалност. Извори во Европа велат дека брендот VW кој е сега трет во светот на автомобилите, веројатно ќе овозможи достапен кабриолет, направен според концептот BlueSport од саемот на автомобили во 2009-та во Детроит. Само не брзајте кај вашиот локален дилер. Истите извори велат дека VW Roadster најверојатно нема да се материјализира до 2012 година. Концептот BlueSport има за цел да го симболизира успехот на компанијата и розовата иднина. Не помалку важно, тоа испраќа порака дека VW нема да жртвува забава при возењето за ниски емисии и потрошувачка. Со други зборови, Volkswagen сака да го понуди сето тоа и тоа по разумна цена.

Иако многу детали најверојатно ќе се променат пред да започне производството, извори сметаат дека концептот од Детроит точно го предвидува она што VW го нарекува свој модуларен спортски автомобил и она што се нарекува 2013 Volkswagen BlueSport Roadster. Како примерот на VW со посредство на Porsche 914 од 1970, тоа е “автомобил со корпоративен комплет “, со мотори, структурни елементи и други помали компоненти превземени од другите модели во големата VW флота – вклучувајќи и неколку кои сè уште не се на пазарот. Овој пристап однапред ги намалува трошоците за развој и овозможува релативно лесно модернизирање на верзии за други брендови на VW групацијата. Извори јавуваат дека е можно според овој пристап Audi да изгради свој модуларен спортски автомобил со ознака R3, додека исто така и Porsche – најголемиот сопственик на акции во VW групацијата, ги разгледува можностите за автомобил од основно ниво, односно класа пониска од нивото на моделот Boxster.

Напиши коментар