СОСТОЈКИ :
*500 грама шеќер
*2,5 дл вода
*16 лимон
ПОДГОТОВКА :
Шеќерот прелијте го со вода и сварете го како за слатко. Исцедете лимон и кога шеќерот ќе го зготвите ставете го внатре, па полека, со непрекинато мешање, додајте сок од лимон.
Добиениот сируп ставете го претходно во подготвени шишиња, а потоа херметички затворете ги.
Така пополнетите шишиња ставете ги во голем сад полн со топла вода и ставете го на ринглата додека водата не почне да врие. После тоа извадете го шишето и избришете го. Чувајте го остатокот од храната на ладно, суво и темно место.
