Керозин

Xenatec Coupe – Многу повеќе од Maybach

Xenatec го претстави своето прво купе базирано на Maybach. Тоа е базирано е на Мајбах 57S луксузниот седан и Фредрик Бурхарт е всушност дизајнерот и на двете возила. Xenatec е усовршен и изгледа како да излегол директно од фабрика на Maybach. Како и да е, Xenatec чини околу 500.000 $ повеќе од Maybach 57S седанот.

Модификациите кои се направени за време на трансформацијата вклучуваат нови врати со прозори без рамки, пострмно поставена шофершајбна и задно стакло, пониска линија на покривот, нов преден и заден браник, заедно со проширена задна оска за 0,7 инчи. Клиентите можат да изберат 20 или 21-инчни тркала, како и стаклен покрив.

Примерокот кој беше прикажан на саемот за автомобили во Женева се карактеризираше со завршна мат месинг боја со повеќе слоеви, дополнета со сребрена боја по страничните делови. Кабината е завршена со природна, темна, необоена кожа. Моќта произлегува од истиот 6.0-литарски V-12 мотор со 5-брзински автоматски менувач што ќе го најдете во Мајбах 57S како и во значително поефтиниот Mercedes-Benz CL65 AMG купе.

Напиши коментар