Смртта на Бин Ладен
На 2 мај 2011 година, најбараниот терорист Бин Ладен беше убиен во воена операција на Специјалните сили на САД во Пакистан. На листата на ФБИ, Бин Ладен беше најбараниот терористи во светот поради своето учество во бомбашките напади врз Американската амбасада во 1998 година и поради нападот од 11 септември врз Светскиот трговски центар. Бин Ладен беше главната цел во војната против тероризмот, а за неговата глава се даваше 25 милиони долари.
По речиси 10 години напорна работа, во април 2011-та година ЦИА дојде до информации дека може да се наоѓа во близина на Аботабад во Пакистан. Конечно, на2 мај, во операцијата наречена “Нептуново копје“, која беше наредена од страна на Претседателот Барак Обама, ја реализираше Американската специјална единица “Фоки”, терористот беа убиени, а по 24 часа закопани во морето.