Стивен Калахан учествувал на трката со едрилици од Канарските острови до Карибите кога шестиот ден доживеал бродолом. Успеал од едрилицата да го извлече спасувачкиот сплав во кој поминал неверојатни 76 дена. Се дотогаш чекал на чудото некој да го пронајде.
Во текот на тие два и пол месеци морал да живее од рибите кои ги фаќал, и да пие вода која сам ја дестилирал. Успеал да преживее неколку напади од ајкули, а исто така и да го спречи проширувањето на дупката на сплавот. За големо чудо Стивен останал жив.
Неговото искуство подоцна ги натера производителите да ги редизјанираат спасувачките сплавови.
