Автомобилот кој што Џејмс Бонд го возеше во филмот Die Another Day, и воедно еден од моите омилени автомобили.. Едноставно прекасен е.
Овој модел на Астон Мартин има 6.0 литарски V12 мотор што произведува 465 коњски сили. Vanquish S верзијата има малку зголема коњажа, односно 512. Vanquish-от забрзува од 0-100 за 4.3 секунди и постигнува максимална брзина од 305 km/h, додека S-верзијата е за 20 km/h побрза.

Освен во Die Another Day, овој лепотан се појавува и во римајкот на The Italian Job, и е прилично популарен кај средовечната популација со малце подлабок џеб.

