Состојки:
- 500гр. ананас од конзерва
- две тврди банани
- 500 гр. немасна павлака за готвење
- еден пудинг од ванила
- 250мл. павлака за шлаг
- 250гр. интегрален кекс
Подготовка:
Кексот се сомелува и се става во калап или сад по желба. Бананите исецкајте ги и прелијте ги со сок од ананас. Во друг сад, измешајте немасна павлака, сварен пудинг и исецкан ананас. Потоа десертот се спојува. Изматете шлаг и нанесете го преку десертот. Изладете го во фрижидер и послужете го десертот ладен.
