Кои се најпознатите диктатори на сите времиња?
Хосни Мубарак
Според некои тврдења Хосни Мубарак, има преживеано шест атентати. Соборен е од власт на 11 февруари 2011 година по повеќе неделни протести. Тој ја започна својата политичка кариера како потпретседател на земјата во 1975 година и стана претседател шест години подоцна, по убиството на Анвар Садат.
Четири пати победуваше на изборите. Политиката на добри односи со САД му донесе милијарди долари во помош и за возврат одржуваше добри односи со Израел и ги држеше исламските екстремисти под контрола.
По започнувањето на протестите, Мубарак не сакаше да си оди од власт и покрај влошената здравствена состојба. Поранешниот египетски претседател беше обвинет за насилно сузбивање на протестите, но неизвесен е исход од судењето поради неговата лоша здравствена состојба.