Prison brake

Киклоп ајкула

10-те најважни откритија на “National Geographic” во 2011 година

2. Ретка “киклоп” ајкула

Во октомври, научниците потврдија дека имаат откриено исклучително ретка “киклоп” ајкула во близина на брегот на Мексико. 56 cm долгиот фетус има едно функционално око на средината на главата. Окото е својствена карактеристика на состојба наречена киклопија, која се јавува меѓу неколку животински видови, вклучувајќи ги и луѓето. Научниците досега пронајдоа неколку од овие ембриони, но фактот дека ниту еден од примероците не е пронајден надвор од матката посочува дека киклоп ајкулите не можат долго да преживеат во дивината.

Напиши коментар