1. Моамер Гадафи
На 20 октомври 2011 година Либијците излегоа на улиците за да го прослават падот на Моамер Гадафи кој владееше со земјата 42 години, а беше убиен на 20 октомври, кога бунтовничките сили го окупираа неговото родно место на Сирт.
Гадафи дојде на власт после државниот удар во 1969 година, кога имаше само 27 години. Тој беше назначен за командант на вооружените сили и претседател на новоформираниот Совет на револуционерна команда. Со текот на времето ги укина американските и британските бази, Парламентот, политичките партии, синдикатите и невладините организации. Не сакаше политички титули, туку повеќе сакаше да му се обраќаат како “Лидер”.