На саемот за автомобили во Штутгарт се избра најдобрата автомобилска внатрешност. Наградата отиде во Lexus GS, кој според членовите на жирито има најдобри иновативни течнолошки промени во внатрешноста на автомобилот.
Како една од причините зошто оваа награда отиде во рацете на Lexus е тоа што тие ја користеле нано технологијата при уклучување на системот за климатизација. Со тоа е овозможена голема заштеда на гориво, и многу поголема удобност при возењето во овој автомобил. Во системот за климатизација има сензори кои даваат сигнал дали има некој кој седи на совозачко седиште и на задните седишта, па ако овие места се пополнети се активира климата, која е насочена кон нив.


